Србија: Од Ковид-19 починаа 11, нови 357 заразени


 

Во Србија според последните податоци починаа 11 пациенти како последица на корона вируст, а откриени се нови 357 случаи на зараза.

На респиратори се 118 лица, а во последните 24 часа тестирани се 8.590 лица.

Според претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ова е втор најтежок ден во Србија во епидемијата.

Тој на конференвија за новинарите рече дека најверојатно ќе воведат зајакнати мерки, но без полициски час.

Истакна и дека тој е против тоа да не се воведува полициски час, но дека одлуката ја носи заедно со неговите колеги и пријатели.