Србија, Косово и Хрватска: Расте бројот на новозаразени


 

Во Србија за 24 часа регистрирани се 383 нови случаи со корона вирус, починаа 13, во Косово нови 132, во Хрватска 86.

Ова е дневниот биланс на заразени од корона вирусот, во овие земји, а епидемијата не покажува знаци на повлекување.

Во Србија беа тестирани 9.183 за 24 часа, а вкупно до сега 524.578. На респиратори има 177 пациенти, додека во болница се 4.662. До сега потврдени со инфекција се 19.717, а вкупно починаа 442.

Во Косово тестирани биле 486 примероци во последните 24 часа, при што Ковид-19 е потврден кај 132 луѓе.

До сега вкупно во Косово беа заразени 5.369, а починаа 118 лица. Излечени се 2.545, додека се уште активни се 2.706 случаи.

Хрватска денеска регистрира нови 86 случаи, а според министерот за здравство Вили Барош, ситуацијата се влошува, Од почетокот на епидемијата има 4.039 заболени. Најкраток пат до сузбивање на епидемијата е граѓаните да се придржувата до мерките.