Србија ќе бара вајлд-карта за ракометниот Мундијал


Српската ракометна федерација денеска ќе испрати барање до Светската ракометна федерација (ИХФ) за специјална покана за учество на Мундијалот кој идната година ќе се одржи во Данска, Норвешка и Хрватска.
Српските ракометари вчера не успеаја да се пласираат на Светското првенство, бидејќи во реваншот од баражот во Нови Сад ја победија Шпанија со недоволни 25:22.
Во првиот натпревар на 8 мај во Шпанија домашната екипа победи со 32:28.
Светското првенство ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари 2025 година во Данска, Норвешка и Хрватска.