Србија има повеќе од 6.500 заразени, а починаа 55 пациенти


 

Според денешните информации во соседна Србија регистрирани се 6.534 нови случаи со корона вирус, а 55 починаа.

На репиратор се 319 пациенти, а во болница се лекуваат 8.667.

Тестирани се 19.826 примероци, денеска, а од почетокот на пандемијата 2.000.098.

Досега потврдени се 255.758 случаи, а починаа 2.227 лица.

Стапката на смртност во Србија изнесува 0,87 отсто.