Србија има повеќе од 1.650 новозаразени


Во последните 24 часа во Србија се потврдени 1656 нови случаи на корона вирусот. Починале 5 пациенти.

Во болниците во Србија моментално се хоспитализирани 917 пациенти, од кои 28 дишат со помош на респиратор.

За 24 часа биле тестирани 12.869 лица од кои 12,87 отсто биле позитивни на овој вирус. До сега во Србија корона вирусот е потврден кај 737.969 лица, а вкупно се тестирани 4.870.940.