Србија има 211 новозаразени, починаа четворица


Според последните податоци, во Србија денеска забележани се нови 211 случаи со корона вирус, а починаа четворица.

Тестирани се 6.559 лица.

Според податоците на Министерството за здравство и институто „Батут“, на респиратор се 73 пациенти, а вкупно во болница се 1.897 пациенти

Од почетокот на епидемијата до денеска регистрирани се 29.682 случаи со корона вирус, а бројот на жртви се искачи на 674.

Вкупно се тестирани 804.568 лица.