Србија има 203 новозаразени денеска


Во Србија во последните 24 часа од последиците на вирусот починаа две лица, а 203 заразени од 6.505 тестирани, објави денеска Министерството за здравство на Србија.

Во моментот во болница се 359 пациенти од кои на респиратор се 25.

Во Србија досега се заразени 35.454 лица, а 770 починаа.

Досега тестирани се 1.219.908 лица.