Србија: Дојави за поставени бомби на Земјоделско-технолошкиот факултет во Чачак


 Студенти и вработени на Агрономскиот и на Техничкиот факултет во Чачак денеска се евакуирани од зградите на факултетот, поради дојава за поставени бомби на факултетите, јави Бета.

Информациите за поставените бомби биле испратени до деканите на факултетите од Ректоратот на Универзитетот во Крагуевац, каде припаѓаат. Полицијата ги истражува деталите од дојавата за бомба.

Тоа е прв случај за дојава за поставени бомби на факултети во Чачак.