Србија без жртви од корона вирусот денеска, нови 67 случаи


Во Србија до 15 часот регистрирани се уште 67 заразени од корона вирус, а во последните 24 часа немало нови жртви, објави Бе92.

Тестирани биле примероци од 3.644 лица, од кои 67 биле позитивни.

Во болница се 658 пациенти, а на респиратор остануваат 12 пациенти.

Вкупно во Србија до сега се теситрани 217.856 лица, а починати од почетокот на епидемијата се 238. Излечени се 5.857 граѓани.

Во Србија од почетокот на епидемијата потврдени се 11.159‬ случаи од корона вирус.