Србија бара „Геокс“ да врати 3,5 милиони евра субвенции, не биле законски доделени


Продавницата во Врање често беше посетувана и од мн огу македонски граѓани

Комисијата за контрола на државната помош утврди дека државната помош што Министерството за економија и Градот Врање ѝ ја доделиле на фирмата „Tecnic development“ во ликвидација за изградба на фабрика за обувки е доделена спротивно на законот, согласно одлуката објавена на веб-страницата на телото, јави Танјуг.

Комисијата му наложи на Министерството без одлагање да преземе мерки против корисникот за враќање на државната помош.
Како што се наведува, станува збор за сума од 90,6 милиони динари од 1 април 2016 година, зголемени со затезна камата, како и 323,3 милиони динари зголемена за истата камата од 23 декември 2016 година (вкупно 414 милиони динари, или околу 3,5 милиони евра, заб.).

„Tecnic development“ во Врање инвестираше и произведуваше обувки на италијанската компанија „Геокс“.