Србија, Албанија и Бугарија во финале на Евросонг


Албанија, Србија, Бугарија, Молдавија, Португалија, Исланд, Сан Марино, Швајцарија, Грција и Финска се десетте финалисти кои вечерва, на втората полуфинална вечер обезбедија влез во финалето на Евросонг во сабота во арената Ахој во Ротердам.

Десетте финалисти од првото полуфинале завчера се Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија и Украина.

Во финалето, в сабота, 26 земји ќе настапат, а ќе можат да гласаат сите 39.

Претставниците на Србија, Швајцарија и на Бугарија

Мотото на годинашниот евровизиски избор е „Open Up“.

Според сегашните податоци на обложувалниците, најголем фаворит за победа е Италија и нејзиниот претставник – групата „Манескин“ со песната „Ziti e buoni“. Првите три фаворити се Италија со 22 отсто, Франција со 20 и Малта со 12 отсто.

До неодамна, Малта беше најголем фаворит за победа, но состојбата се смени по првата проба, кога нивниот претставник доби лоши критики за костумите и перформансите.

На четвртото место е Исланд, а следуваат Кипар, Бугарија, Швајцарија, Украина, Литванија, Грција, Русија, Шведска, Финска, Сан Марино и Норвешка.

Фото: ЕБУ