Србија: 386 новозаразени, починаа 18 – Брнабиќ со итно обраќање


Во Србија денеска забележан е рекорд на новозаболени, дури 386, а починаа 18 лица.

Премиерката Ана Брнабиќ одржа итно обраќање до јавноста.

„Денеска е најлошиот ден од почетокот на борбата со корона вирусот, поради тоа сакав лично да се обратам до граѓаните. Во изминатите 24 часа 18 пациенти починаа, 130 се на респиратори и од 8.646 тестирани имаме 386 новозаразени. Најкритично е во Белград, потоа во Шабац, Крагуевац и нови Пазар“, рече Брнабиќ.