Србија: 351 нов случај на корона вирус, 11 починати


 

Во Србија регистрирани се уште 351 случај со Ковид-19 во последните 24 часа, соопштија на прес-конференција надлежните.

Исто така, починаа 11 пациенти, а на респиратори се 169 луѓе.

Во последните 24 часа тестирани се 8.393 примероци, а активни има 4.858 случаи.