Спречен терористички напад во Москва
Руската Федерална служба за безбедност (ФБС) денеска спречи терористички напад во една од административните згради, и во врска со тоа е уапсен маж од Централна Азија (21) кој го подготвувал нападот, објави прес-службата на ФСБ.
Како што се наведува, човекот имал намера да изврши напад со рачно изработена експлозивна направа, а врз основа на наредба од меѓународна терористичка група, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.
Тој создал залиха на експлозиви, која ја откриле офицери на ФСБ, а исто така и неговите уреди за комуникација содржеле неколку пораки разменети со терористи и упатства за правење експлозивни направи и видеа од неговата заклетва на верност кон терористичка група.
Човекот, наводно, планирал да замине на Блискиот исток за да учествува во активностите на терористичките групи.