Спречен терористички напад во Франција

Француските власти спречија терористички напад и приведоа четири лица.

-Имавме доволно докази за да веруваме дека е планиран голем напад, изјави министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастнер.

Неименуван полициски извор изјави дека четирите лица се уапсени поради сомневање за набавка на оружје „за да извршат терористички чин”.