Според Милошоски, Македонија денеска во Брисел влегла во лавиринт


 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ по одржувањето на првата меѓувладина конференција во Брисел го оцени настанот како манипулација и дека реално само Албанија ги почнала преговорите. „За жал, Македонија од денес па натаму влегува во еден лавиринт каде што историјата и минатото ќе бидат многу поважни од сегашноста, иднината и европските стандарди како за секоја нормална земја која се стреми за членство кон ЕУ“, рече пратеникот и член на раководството на партијата Антонио Милошоски.

Според него фотографијата од Брисел ќе се запаметела по тоа кој бил предавник: „Фотографијата од Брисел ќе ни послужи добро да ги препознаеме оние коишто во Македонија се неспособни и оние кои во соседството се способни и оваа фотографија ќе биде многу добра за генерациите да се сеќаваат кои луѓе за краткорочна политичка кариера одлучиле свесно да играат улога на предавници“.