Според Мицкоски сме направиле доволно отстапки за да ги почнеме преговорите со ЕУ
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2024/08/Mickoski-press-so-Murtezani-9-bg.jpg)
Македонија направи толку отстапки досега за евроинтеграцијата што заслужува барем да ги почне преговорите. Кога ќе имаме таков соговорник , нека повели нека дојде. Дотогаш ние ќе работиме на нашите внатрешни прашања, порача денес премиерот Христијан Мицкоски околу тоа дали ќе има средба со преставници на новата бугарска влада. Место идна, тој спомна средби од минатото.
„Средби имавме во минатото со техничкиот премиер. Очекувам во периодот што следи да имаме средби на различни нивоа со бугарската влада. И тоа е сосема нормално. Тоа не значи дека се согласуваме околу некои теми што не разделуваат“, рече Мицкоски.
За да биде појасен, тој ја повтори својата позната позиција.
„Нашиот став не е променет. Ние направивме премногу во име на евроинтеграцијата, како што не направил никој. Место билатерални треба да имаме објективни услови за преговорите“, рече Мицкоски, по што ја кажа клучната поента за тоа каков соговорник е добредојден од Бугарија.