Спласна оптимизмот за нафта во црногорското подморје

Црногорскиот министер за капитални инвестиции Младен Бојаниќ изјави дека во последно време се намалил оптимизмот за откривањето нафта во црногорското подморје, но дека ќе се сочека конечниот извештај.
Тој во утринската програма на ТВЦГ рече дека во првите месеци од дупчењето имало оптимизам во конзорциумот Ени и Новатек кои се задолжени за целата работа.
„Во подоцнежната фаза тоа не се покажа баш така. Тие со дупчењето стигнаа до крај, беа собрани примероци, сега се во Милано и чекаме нивно официјално соопштение дали има нафта, во колкава количина, дали експлоатацијата е исплатлива или дупчењето се напушта“, рече Бојаниќ.