Список со закани за ученици се појави во скопско училиште


По масакрот во соседна Србија, список со ученици за ликвидација се појавил и во скопско училиште.

-На 08.05.2023 во СВР Скопје 47- годишна жена пријавила дека во основно училиште на подрачје на Центар ученичка во училиштето направила список со закани за соученици. Известена е директорката на училиштето, Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Во изминатите денови и во соседна Србија се појавија слични списоци со ученици за ликвидација, каков што имаше и малолетникот Коста кој уби неколку соученици со пиштол.