Спектакл во Лига Европа, Барселона против Манчестер јунајтед


 

Плејофот во фудбалската Лига Европа ќе донесе дуел на два гиганти кои заедно имаат освоено 97 големи трофеи, откако денешната жрепка во Нион одлучи Барселона да игра против Манчестер јунајтед.

Преостанатите двојки се:

Јувентус – Нант

Спортинг – Митјиланд

Шахтјор – Рен

Ајакс – Унион Берлин

Баер – Монако

Севиља – ПСВ

Салцбург – Рома.

Натпреварите од плејофот ќе се играат во февруари, а победниците ќе им се приклучат во осминафиналето на победниците во групната фаза во Лига Европа – Арсенал, Бетис, Фенербахче, Ференцварош, Феенорд, Фрајбург, Реал Сосиедад и Унион Сент-Жил.

Финалето е на програмата на 31 мај во Будимпешта.