„Спејс икс“ не може повеќе да го плаќа интернетот за Украина, бараат Пентагон да го преземе финансирањето


 

Откако минатата пролет прв пат почнаа да стигнуваат во Украина, сателитските интернет терминали „Старлинк“ кои ги направи „Спејс икс“ на Елон Маск, беа витален извор нза комуникација за украинската војоска.

Сателитските интернет теминали овозможија украинкската војска да може да се бори и да остане поврзана дури и откако мобилните телефонски и интернет врски во земјата беа уништени поради руската агресија.

Досега во Украина донирани се околу 20.000 „Старлинк“ интернет единици, а Маск во петокот рече дека „операчицјата го чинела „Спејкс икс“ 80 милиони долари и дека ќе надмине 100 милиони до крајот на годината3.

Добротворните прилози на компанијата на Маск би можеле да завршат, затоа што „Спејс икс“ го предупреди Пентагон дека може да престане да ги финансира услугите во Украина ако американската војска не уплати десетици милиони долари месечно потребни за системот да функционира.

Документите до кои дојде Си-ен-ен покажуваат дека миантиот месец „Спејс икс“ пратил писмо до Пентагон во кое вели дека не може да продолжи да ја финансира услугата како што правеше до сега.

Во писмото се бара од Пентагон да го преземе финансирањето во делот на средства кои ги плаќа украинската влада за воена употреба на „Старлинк“ за кој „Спејс икс“ тврди дека би чинел повеќе од 120 милиони долари до крајот на годината, а може да чини и близу 400 милиони долари во наредните 12 месеци.

„Не сме во позиција и понатаму да донираме терминали во Украина, ниту да финансираме постоечки темринали на неодредено време“, напиша директорот на продажба на „Спејс икс“ во барањето пратено до пентагон.

Претходно, командантот на украинската војска, генералот Валери Залужни, испрати директно барање до Маск за достава на уште 8.000 терминали „Старлинк“.

Ненадејниот прекин на користење на сервисот во Украина би имало директно влијание на целата линија на фронтот, бидејќи „Старлинк“ е главниот начин на кој единиците на бојното поле може да комуницираат.