„Спејс-Икс“ го откажа лансирањето на „Старшип“ во последен миг


 Полетување на ракета „Старшип“ на „Спејс-Икс“ (SpaceX Starship) беше откажан во последен миг пред нејзиниот 13. пробен лет вчера. Мисијата е одложена за најмалку 24 часа, бидејќи компанијата го истражува појавениот дефект.

– Го прекинавме засилувачот токму кога „Раптор“ моторите  почнаа да работат. Ќе ни треба малку време да истражиме што го предизвика прекинот за време на палењето на засилувачот за лансирање, а потоа да утврдиме како ќе продолжиме, изјави гласноговорникот на „Спејс-Икс“, Ден Хаут, за време на пренос во живо.

„Некои мотори не успеаја да се вклучат, што предизвика автоматско прекинување на лансирањето. Сега го истоваруваме горивото. Се надеваме дека ќе го имаме следниот обид за лансирање по неколку дена“, напиша извршниот директор на компанијата, Елон Маск, на „Икс“.

Лансирањето беше откажано помалку од една секунда пред закажаното полетување во 18:45 часот по локално време во „Старбејз“ (Starbase) – седиштето на „Спејс-Икс“ во Јужен Тексас.