Специјална војна на Википедија против Пендаровски и Ковачевски


Фото: Б. Грданоски

 

Интернет енциклопедијата стана место за специјална војна против врвните македонски функционери. Вчера тоа беше направено со Бујар Османи, кој беше напишан како „Бугар Османов“, а денеска на тој говор на омраза се додадени и претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски. Сето тоа е резултат на прифаќањето на преговарачката рамка  и почетокот на преговорите со ЕУ.

Непознат натрапник на англиската верзија на страницата на Пендаровски му додал средно име – „стока“. Навреда е испишана и за Ковачевски – „ќурка“. На Ковачевски дури му е напишано и времето на смртта – лани на Илинден.

Википедија е отворена за администрирање во целиот свет, а кога ќе се појават навредливи содржини централата ги отстранува. Така и се случи денеска со биографиите на Пендаровски и Ковачевски, но штетата веќе беше направена.