Спасовски: Зајакнати се контролите, па криминалците ги напаѓаат полицајците

Нападот на полицајците во Прилепско, прегазениот полицац кој контролирал брзина на возење се инциденти кои се случија последните деновиа, а според првиот човек на полицијата Оливер Спасовски, тоа се должи на зајакнатите контроли во сите сегменти во општеството, па криминалците напаѓаат полицајци.

– Треба да се почекаат сите аргументи и факти во однос на кој било настан, па дури тогаш да носиме суд во однос на тие настани, без разликз кој тоа го прави, дали се тоа граѓаните, НВО, медиумите итн…, нагласи денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки во врска со инцидентите што се случија, а во кои беа инволвирани полициски службеници.

Тој информира дека постапката за случката со полицајците во Битола е во фаза на истрага и нагласи дека апсолутно не оправдува никакво насилство.

– Ниту она направено од страна од припадник на полицијата, не сакам да генерализирам со оценките во однос на целата полиција или сите припадници на МВР. Мора да се издвојат оние кои не ги почитуваат законските овластувања, ги пречекоруваат, мора да носат одговорност без разлика за кого станува збор, рече Спасовски.

Тој е дециден дека исто така не поддржува насилство што значи напад на полициски службеник, затоа што напад на полицаец е напад на државата.

– Барам поддршка од граѓаните, од медиумите, сите заедно да се заштитуваме меѓусебно и грѓаните, меѓутоа да ја штитиме и македонската полиција, затоа што секогаш кога е потребно и тешко, секогаш кога сме во незавидна ситуација бараме помош од македонската полиција и врз основа на тоа, таква и почит треба да имаме. Затоа овој случај во Битола е во рамки на истрагата и сетоа она што е потребно да го обезбедиме како МВР ќе биде обезбедено, како докази, и врз основа на тоа да се носат одлуките, рече министерот Спасовски, додавајќи дека за нападот врз петтемината полицајци, од кои еден е во сериозна здравствена состојба, веќе се уапсени и им се одредени  мерки притвор за 10 лица.

Спасовски им се заблагодари на ЈО за промптноста во делувањето и истакна дека само на таков начин ќе се обесхраббрат криминалците кои сакаат да напаѓаат и да го рушат системо на државата.

– Зајакнатите контроли во сите сегменти на македонското општество придонесоа ваква реакција, криминалците да почнат да ги напаѓаат полициските службеници. Но, тоа нема да не поколеба, напротив треба уште повеќе да не мотивира сите нас и затоа се отворени многу оперативни акции што значат заштита на јавното добро, меѓу кои и заштита на шумите, рече меѓу другото министерот за внатрешни работи Спасовски.