Спасовски во посета на Охридскиот регион


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе го посети Охрид и охридскиот регион.
Спасовски ќе ја посети Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро и сообраќајната полиција каде што ќе оствари средби со раководството, а потоа ќе ја посети Полициската станица за граничен надзор Свети Наум.
Во рамки на посетата министерот Спасовски ќе го посети и Вевчани каде ќе има средба со градоначалникот Сашо Јанкоски, по што ќе следуваат изјави за медиумите.