Спасовски: Тероризмот е наш секојдневен предизвик


Полицијата заедно со Агенцијата за национална безбедност работи континуирано, заради бидејќи проблемот со тероризмот е секојдневен предизвик, изјави денеска во Утрински брифинг на Слободна ТВ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Имавме активности вчера, извршени се претреси на повеќе локации во Куманово, Скопје и приведени се неколку лица кои што имаат директна поврзаност за контакти односно за соработка со групата која што претходно беше уапсена во Куманово. Сакам да одадам признание и активности кои се преземаат се за поздравување, бидејќи безбедноста нема цена, изјави во Утрински брифинг министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Според министерот свесноста на МВР е секогаш на високо ниво.

-24 часа сме посветени во обезбедувањето на мирот и стабилноста на граѓаните. Тероризмот не е нешто што денеска ќе заврши, но сакам да ги уверам сите граѓани на РС Македонија дека сите институции се координираат и исклучително добро работат во сузбивањето на секаква можност за изведување на било каков терористички акт. Секако дека празниците се потенцијална можност и затоа активностите насочени кон зачувувањето на јавниот ред и мир се на највисок степен и максимално сме подготвени да одговориме на секој предизвик, вели Спасовски.