Спасовски со Курти договарал координирано справување со епидемијата


Косовскиот премиер Албин Курти во телефонски разговор денеска на премиерот Оливер Спасовски му изразил честитки и поддршка за начинот на кој земјата се справува со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот. Премиерот Спасовски во разговорот со премиерот на Косово, изразил задоволство од соработката со Владата на Косово во овој кризен период.

– Двајцата премиери разговараа за можностите за координирано справување со последиците од пандемијата на КОВИД-19 и во корист на здравјето на граѓаните, за рестартирање на економијата и за зајакнување на деловните врски меѓу Косово и Северна Македонија во нови услови, како и за усогласување на мерките за нормализација на комуникацијата во сите области меѓу двете земји во наредниот период, се вели во денешното соопштение од владиниот Сектор за односи со јавноста.