Спасовски: Нашата програма е патриотизам на дело

 Носителот на листа во ИЕ 2 и премиер, Оливер Спасовски денеска побара мандат од граѓаните за брза развојна економија која, како што рече, носи стабилен економски раст повисоки плати и шанса за сите. Најави 1 милијарда странски инвестиции, но и поддршка за сите категории граѓани.

-Најавуваме просечна плата од 34 илјади денари или над 550 евра и минимална плата до 20 илјади денари или над 320 евра во следните четири години од мандатот. Најавуваме раст на пензиите согласно растот на платите и покачување на најниската пензија за 21 процент. Највуваме грантови до 15 илјади евра за млади и за жени за отворање соппствени фирми. Најавуваме повисока социјална помош за 34 илјади домаќинства. Нашиот концепт за брза развојна економија е поствен на реални основи затоа што е продолжение на евроатлантските перспективи што се основа за неговата реализација. Станавме членка на НАТО добивме одлука за почеток на преговорите со ЕУ и тоа даде резултат од 624 милиони евра странски инвестиции најмногу во југоисточна европа со што ја завршивме 2019 година, а денес се над 660 милиони евра, рече Спасовски по средбите со жителите на Опшина Бутел.

Нашата држава, рече тој, е најповолна за инвестирање во регионот поради сигурноста што ја обезбедивме. Иако на стартот на интеграциите имаме 600 милиони евра странси директни инвестиции можеме повеќе и уште подобро.

-Затоа со право најавуваме 1 милјарда евра странски инвестиции до крај на мандатот и поддршка на домашните и странски компании од 600 милиони евра, 300 од буџетот и 300 од европските фондови. Така ќе има и нови вработувања и повисоки плати и пензии и поголема поддршка на младите и социјалата, детски додаток за 65 илјади деца, изградба на 777 социјални станови низ цела држава, бесплатна земена нафта за земјоделците… Ќе ја намалуваме невработеноста за три проценти годишно и ќе постигнеме едноцифрена стапка на невработеност до крајот на мандатот, рече Спасовски.

Според него, режимот на Груевски е пресликан во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и, како што рече, нивните кандидатски листи.

-Тие немаат одговор за ниту едно важно прашање – како ќе ги задржат евроатл перспективи кога повторно меѓународно ќе ја изолираат државата, ќе ја караат со соседите, ќе ја делат дома. Затоа не сфаќајте сериозно ниту едно од нивните ветувања за економијата бидејќи зборуваат напамет и лажат. Нивната цел е обнова на режимот и затоа ДПМНЕ е закана и опасност, истакна Спасовски.

СДСМ и коалицијата „Можеме“, порача тој, водат по правиот пат кон сигурна иднина и брза развојна економија, што значи патриотизам на дело.

-Следуваат важни избори, затоа масовно да излеземе и да заокружиме 3 за сигурна иднина економска европска просперитетна Македонија, повика носителот на листа во ИЕ2 од СДСМ и коалицијата „Можеме”, Оливер Спасовски по средбите со жителите на Опшина Бутел.