Спасовски најави различен полициски час за разни категории граѓани


Премиерот Оливер Спасовски објави вечерва на телевизијата 24 Вести дека постарите граѓани од 67 години отсега ќе можат да излегуваат надвор од пет наутро до 11 часот претпладне, што значи ќе можат да се движат само 6 часови.

Од друга страна, младите до 18 години , за кои се смета дека ги загрозуваат постарите, ќе можат да излегуваат од дома од 12 часот напладне до 21 часот навечер.

-Доколку сите остануваме дома, доколку секој од нас е искрен пред  епидемиолог околу контактите, тогаш сите ние помагаме – оцени Спасовски. Никој, ама баш никој не смее да се однесува крајно неодговорно и буквално да сее смрт во државата, порача Спасовски.