Спасовски најави четврт пакет мерки – картички за пензионерите, невработените, самохраните родители и стечајците


Премиерот на техничката Влада, Оливер Спасовски, најави дека веднаш по формирањето на новата Влада, ќе биде донесен нов четврт пакет мерки со кои ќе им се помогне на четири категории граѓани.

Станува збор за пензионерите кои имааат пензии под 15 илјади денари месечни примања, потоа за невработените лица – пасивни баратели на работа, за самохраните родители и за стечајците, рече Спасовски.

Одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека се разгледуваат и состојбите во стопанството и дека се разгледуваат различни опции и за поддршка на бизнисите, односно за оддредени стопански гранки.