Спасовски на чај во Арачиново


Носителот на листа во изборната единица 2, Оливер Спасовски,  беше на средби во општината Арачиново, а вечерва одржа и митинг.
„Реализиравме конкретни проекти на дело во овој регион, што беше запоставен една деценија за време на режимот, со што покажавме дека се грижиме за сите. За изградба и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа, само во општините во ИЕ 2 вложивме 814.441.489  денари. Интензивно работиме на локалната инфраструктура во целата држава и сме во фаза на отпочната изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации.  Ниту еден капитален проект не дозволивме да запре за време на здравствено-економската криза и продолжуваме и повеќе и подобро со цел да обезбедиме 34.000 денари просечна плата и 20.000 денари минимална плата во следниот мандат, нови работни места, повисоки пензии и уште поголема поддршка за младите луѓе“, рече Спасовски.
Тој поразговара со жители на Арачиново кај Шеталиштето, потоа каде што се гради фекалната канализација и беше на средби со жители на село Грушино.
„Во средбите што ги имав досега ми велат ваши сожители, ви даваме беса – збор, дека во 2016 ја добивме битката со режимот, а на овие избори ќе ја добиеме заедно битката да продолжиме по правиот пат, за сигурна иднина на сите, бидејки и за вас зборот е збор, што зборувате, го преточувате во дела. И тоа е предноста на СДСМ и коалицијата Можеме на овие избори. Ние се грижиме за сите – тие за своите џебови, ние градиме -тие крадат, ние сплотуваме, – тие делат” рече Спасовски.
Тој со жителите на Арачиново и Грушино зборуваше за реализираните проекти досега и за инвестициите со коишто продолжуваме.
„Градиме канализационен систем долг над 10 километри (10.1) во Арачиново, за којшто инвестираме 106 милиони денари, почнати се подготовките за проектот. Водоводот ги поврзува и околните села: Орланци, Мојанци и Грушино. И Арачиново добива градинка. За само три години инвестиравме во 44 градинки во државава. Следуваат нови капитални инвестиции низ целата држава – и во Арачиново, затоа што тие се моторот на економијата, а нашата цел е нова развојна македонска економија. Ние градиме сигурна иднина, можеме и повеќе и подобро и продолжуваме заедно по правиот пат“ рече Спасовски кој пиеше и чај со жители на општината.