Спасовски: Мијалков цело време бил во Скопје
Сашо Мијалков не ја напуштил државата во изминатите два-три дена. Тој цело време бил во Скопје. Се преземаа низа на опсежни мерки за негово утврдување, изјави утрово министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за емисијата „Утрински брифинг“.
-Јас вчера и на прес конференција кажав дека според оперативните сознанија знаеме дека тој е во Скопје. Сега се води истрага, до вчера работевме со ОЈО со дежурните обвинители, во смисла на повикување на информативни разговори на лицата кои би можеле да бидат помагатели во неговото бегство. Важно беше да се одземат сите телефони, уреди, документи кои би можеле да бидат од истрагата. При претресот на неговиот дом обезбедени се електорнски уреди и документација која што може да биде дел од целиот процес. Од вчера е назначен јавен обвинител кој што директно ќе раководи со овој случај, вели Спасовски.
Тој посочи дека од моментот кога се добива сознание дека е можно да се изврши бегство, МВР ги применило сите полициски овластувања.
-Ние практично не можевме да преземаме, ниту сме имало обврска, налог, било каква активност во однос на движењето на Сашо Мијалков. Од моментот кога се добива сознание дека е можно да се врши бегство, ние ги применуваме нашите полициски овластуивања, што значи вие можете да преземете прикриено полициско набљудување од јавни површини. Секако дека ова не е ефикасна метода, но таа е дозволена со закон. Ние заради преземањето на овие мерки кои беа со прикриеното полициско дејствуање и во насока на очекувањето на решението за определувањето на мерката притвор, се преземаа сите активности во тој момент, вели Спасовски.
-Во моментот Сашо Мијалков е на издржување на мерката домашен притвор во неговиот дом. Ако не се предадеше, за неколку часа ќе беше сосема поинаку, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и подвлече дека тој лично немал контакт со Мијалков пред неговото враќање. Потенцира дека ако покаже истрагата одговорност на кого било, треба да има не морална , туку кривична одговорност.
Спасовски соопшти исто така дека веќе се води истрага во Јавното обвинителство и назначен е јавен обвинител. До вчера, подвлече, МВР работело со ОЈО во Скопје, со дежурните обвинители во однос на повикување на информативни разговори на лицата кои би можеле да бидат помагатели во бегството, дали се тоа членови на неговото семејство или неговото опкружување, односно обезбедувањето.
Спасовски тврди дека никој не преговара за ништо и не преговарал со Мијалков за тој да се предаде и оти изрекувањето на пресудата во петок е работа на судот, а тоа ќе ги расчисти сите овие, како што рече, можни дилеми за тоа.
– Нерви изгубивме сите во однос на оваа ситуација и тоа е многу реално и очекувано, секој од нас да биде вознемирен и гневен затоа што џабе вие како Влада спроведувате низа реформи, петтиот пакет економски мерки, преземате подобрување на состојби во други сегменти, кога ќе се случи еден ваков настан, од кој граѓаните навистина очекуваат од нас сериозна одговорност заради тоа што ние зошто одевме по улици, зошто баравме правда. Во јавноста секако дека го нагризува интегритетот овој настан и секој настан од ваков тип ќе го нагризува интегритетот на Владата, затоа што Владата оди на избори, рече Спасовски.
Прашан на кој начин е проценето дека тој е во бегство, министерот Спасовски одговори дека во однос на овој предмет „Таргет-тврдина“ единствена изречена мерка била одземање на пасошот и еднаш месечно да се јавува во судот, како мерки на заштита кои судот ги определил. Ние пратично, подвлекува, не можеме да преземаме, ниту сме имале налог или обрска да преземе каква било активност во однос на движењето на Сашо Мијалков.
-Од моментот кога се добива сознание дека е можно бегство, ние ги применуваме нашите полициски овластувања и во рамки на тие овластувања можете да преземете прикриено полициско дејствување од јавни површини. Тоа не значи следење на кој било. Тоа не е ефикасна метода, но таа е дозволена со закон, рече меѓу другото Спасовски.