Спасовски: Криминалци од режимот се дел од ВМРО-ДПМНЕ


Носителот  на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски порача од Куманово дека во  ВМРО-ДПМНЕ не им  допаѓа кога Владата им помага на граѓаните и затоа се изјаснуваа и против вработувања и против зголемувања на минималната плата.

-Криминаци од режимот за коишто се водат судски постапки се дел од опозицијата. Не знаат ништо друго освен да прават конструкции и лаги. Зошто е така? Не можат да излезат пред граѓаните и да им кажат ние имаме концепт да го вратиме режимот. Знаат дека никој не го прифаќа тој концепт“, рече Спасовски.

Според него СДСМ, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, има јасна визија за перспективите на дтжавата и од држава со режим ја доведе до земја членка на алијансата и држава што ќе започне преговори со ЕУ.

-Има концепт на сигурност што го предводи СДСМ. И има сосема друг концепт на неизвесност што враќа назад, на мрачни сценарија на режим, грабеж, заробено судство. Покажавме изминатите неколку години дека знаеме да направиме добри исчекори, да реализираме проекти, да ги оствариме националните интереси на државата и можеме да го правиме и понатаму и повеќе и подобро“, порача меѓу другото носителот на листа во ИЕ 2, Спасовски.

Тој рече дека СДСМ и досега покажа што значи да се работи одговорно и дека продолжува со развој на економијата.

-Продолжуваме со нашата амбициозна цел за трансформација на економијата, за зголемување на конкурентноста , штоќе значи креирање на нови работни места, зголемување на минималната и на просечната плата, поддршка на инвестицискиот циклус, намалување на невработеноста до едноцифрена бројка, раст на БДП од најмалку 4 проценти. Покажавме во изминатиот период дека може да носиме тешки и стратешки одлуки за иднината на државата, да ја кренеме економијата, да ја спасиме дравата од најцрните сценарија од здравствената и економската криза, а сега можеме да реализираме и други проекти за подобар живот. Во режимот се случуваше општ грабеж, како Скопје 2014 – сега може да се направи дистинкција што значи да се работи одговорно и во интерес на граѓаните “, рече Спасовски.

Конкретно за Куманово тој најави реконструкција на Соколана и на Спомен костурница Куманово.