Спасовски: Кој не почитува самоизолација ќе биде во државен карантин на своја сметка


Сите лица што не ја почитуваат мерката за самоизолација ќе бидат спроведени во државен карантин и против истите да биде поведена соодветна постапка, трошоците за време на престојот во државен карантин ќе бидат на нивни товар, напиша премиерот Оливер Спасовски на Твитер.

Тој синоќа објави дека државните инспекции се на терен и дека проверуваат дали се следат мерките за заштита од корона вирус.