Спасовски: Ќе го докрајчиме груевизмот

Правда за сите, еднаквост пред законите, администрација по европски стандарди, сигурност,  јасна визија и просперитет, најави вечерва носителот на листа во ИЕ2 од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Оливер Спасовски.

Од граѓанската трибина во Чаир, Спасовски најави нов, четврти пакет економски мерки: домашни платежни картички од 9.000 денари за секој пензионер со пензија до 15.000 денари, картичка за купување домашни производи за секој стечаец, за секој невработен и за секој самохран родител.

Продолжуваме, рече, со конкретни проекти, не со лаги и манипулации.Според Спасовски, груевизмот и режимот веќе никогаш не смеат да се вратат.

-Мора да има правда за сите. Ова е цел што ќе ја оствариме до крај. Ако сакаме да напредува државата, мора да има правда за сите, секој да одговара за она што ќе го направи и да има страв од непочитување на законите, а тоа е можно ссамо со вистинско судство и вистински обвинители. Покажавме дека нема пресуди и избор на судии од тефтерчиња, но има остатоци од груевизмот и во судството и во обвинителството. Ќе го докрајчиме режимот и ќе му ставиме крај на груевизмот, ќе продолжиме по правиот, по вистинскит пат. Веднаш по формирање на владата почнуваме со проверка на имотната состојба на судиите и на застарените предмети, за секој што чува предмети во фиока ќе има санакции, а ако некој работел во интерес на политиката или бизнисот, не може да биде судија. Не може мала група луѓе да го руши угледот на институциите. Ќе ставиме точка на тоа, секој од нас ќе се чувствува сигурен и вреден што е дел од македонското општество, истакна Спасовски.

Мора да има, дополни, и ред во институциите, администрацијата да биде ефикасна, да им служи на граѓаните.

-Ќе ги внесеме европските вредности во администарцијата, администрацијата мора да доживее темелна реформа, потенцира Спасовски.

Тој се осврна и на реализираните инвестици во изминатиот период. Власта, рече, покажа дека државата има доволно пари, но само со вистински политикит, тие може правилно да се насочат и искористат.

Пред него зборуваа и носителот на листата во ИЕ 1, Никола Димитров, носителот на листата во ИЕ 1, Мила Царовска, а потоа се обрати и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.