Спасовски: Изборите потврда за нашиот европски капацитет, ДИК да ги соопшти резултатите

Изборот е направен, насоката е потврдена, Северна Македонија продолжува по правиот пат во сигурна и европска иднина, рече денеска премиерот Оливер Спасовски.

На прес-конференција во Владата, ден по изборите, Спасовски потенцира дека вчера, граѓаните и државата покажаа европски капацитет, докажаа дека заслужено земјава е членка на НАТО и на чекор од почеток на преговорите со ЕУ.

Изборите, според Спасовски, беа кристално чисти, а граѓанската волја мора час поскоро да биде преточена во легитимни институции, нова Влада и Собрание, посебно зашто треба, како што истакна, да се носат сериозни и издржани одлуки поради ситуацијата со Ковид-19, но и поради втората стратегиска цел – европските интеграции.

Спасовски воедно апелира Државната изборна комисија (ДИК) да ги соопшти резултатите од гласањето зашто тоа, напомена, граѓаните го очекуваат.

-Победник на вчерашните избори е секој гласач, секој учесник во изборниот процес, а пред се и над се Република Северна Македонија. Нашата држава покажа дека заслужено е членка на НАТО и пред почеток на преговорите со ЕУ. Како Влада, како народ и како држава уште еднаш покажавме европски вредности на дело, организиравме здравствено безбедни, мирни, фер, демоткратски, слободни и европски избори како што и доликува на држава која е на чекор до почеток на преговори за членство во ЕУ. Преку изборите покажавме како навистиника се сака земјата, како се чуваат постигнувањата и како се обезбедуваат нови аргументи за интеграциските перспективи. Овие кристално, фер и деомкратски чисти избори се упште еден доказ дека кога има демократска определба и демократска организација, има и демоктратски резултати, одраз на слободната волја на граѓаните, нагласи премиерот.

Пред нас следува, дополни, период на формирање целосно функционални институции кои со полн капацитет ќе се грижат за здравјето на граѓаните и втората стратегиска цел – европските интергации.

-Граѓанската волја мора час поскоро да биде преточена во легитимни институции – ново Собрание и Влада. Очекувам од ДИК да даде придонес во тој процес, граѓаните очекуваат резултати од изборите, ДИК е должна да излезе и да ги соопшти, напомена Спасовски.

Премиерот им заблагодари на граѓаните за гласањето и на институциите, посебно на Комсијата за заразни болести, за организирањето на изборниот процес.

-Да сме горди на вчерашнио фер и демократски изборен ден на кој победи волјата на нардот, рече Спасовски.