Спасовски: Граѓаните можеа безбедно да гласаат – одлучуваат каде ќе се движи државата


Претседателот на Владата и носител на листа на коалицијата „Можеме“ во Изборната единица 2, Оливер Спасовски, денеска гласаше на избирачкото место во О.У. „Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово.

По гласањето тој истакна дека денеска е исклучително важен ден за земјата и дека како Влада покажале дека може да се организираат фер, демократски, слободни избори и во  услови на сериозна здравствена криза, на пандемија 

зборите се безбедни за здравјето и животот на граѓаните. Тој рече дека треба да се одаде признание на Комисијата за заразни болести и на Државната изборна комисија, затоа што воспоставиле протоколи со кои се гарантира безбедно гласање од аспект на здравјето на граѓаните кои во вакви услови слободно можат да излезат, да ја изразат својата волја и како што потенцира, врз основа на одлуката да се види каде ќе се движи државата наредниот период, рече Спасовски.