Спасовски: Единствен одговорен за кршење на Деловникот е Гаши!


Фото: Б. Грданоски

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната седница, во процедурална забелешка, реагираше околу тоа зошто некои законски решенија иако се стигнати до Собранието дури и пред 15 дена чекаат да бидат ставени на собраниска процедура, додека други што доцна вечерта ќе стигнат, веднаш се ставаат во собраниска процедура.

– Мислам дека конечно по шест месеци треба да разберете дека сте избрани за претседател на Собранието. Не е време само за апели. Ние вчера ги добивме законските решенија во 17.06 часот. Кажав еднаш и ќе повторам – единствено одговорен е Африм Гаши и никој друг во оваа Собрание. Не можете за едни законски текстови да кажувате дека вие имате право на интерпретација на Деловникот. Кога ве прашував за законски текстови што беа доставени во Собрание и ги чувавте 12, 13 или 15 дена без да ги доставите на Собранието, иако Деловникот вика во рок од три дена сте должни да ги доставите до пратениците, баравте милиони изговори тоа да го направите. Денеска кога продолжувате на ваков груб начин да го кршите Деловникот, не давате никакво одобрение, рече Спасовски.