Спасовски: ДУИ веќе нема што им каже на граѓаните


Овде во Арачиново, покажавме дека е можен и соживот, порача носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ во ИЕ 2, Оливер Спасовски.Тој нагласи дека „режимот на Груевски обновен во Мицкоски“ знае само за поделби и насочува пари само во сопствени џебови, па затоа на овие избори СДСМ ќе ја остави ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, со цел, како што рече, прво самите себе да се обноват.

– И на овие избори, на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција ќе им се придружи и ДУИ, бидејки по 17 години власт немаат што да им кажат на граѓаните и затоа излегуваат со обновен национализам. Режимот и национализмот ги оставивме во мрачните времиња на минатото – тие се опасност, а ние продолжуваме заедно, во сигурна иднина, по правиот пат, порача Спасовски од Арачиново