Спасовски: Безбедноста стабилна, Фронтекс набрзо и на нашата граница


Фото: Б. Грданоски

Имаме мирна, стабилна, поволна безбедносна состојба во Република Северна Македонија и очекуваме дека таквиот тренд ќе продолжи и понатаму, оцени минстерот за внатрешн работи Оливер Спасовски при денешниот престој во Дебар.

Посочи дека следува период на полноправно членство на Македонја во НАТО, нешто што е од историско значење за остварување на нашите национални интереси и оти очекуваме многу скоро отворање на преговорите за членство во ЕУ.

Тој зборуваше за добрата соработка со полициите односно министерствата за внатрешни работи не само од соседните земји туку и земјите од ЕУ.

-Ние во последните неколку годни имаме многу зајакната меѓународна соработка не само со наште соседи, туку со сите полиции од регионот, со сите минстертства од регионот, меѓутоа и одлична соработка со земјите членки на ЕУ. Генерално има многу безбедносни предзвици кои што стојат пред нас, пред се, тероризмот, миграцијата, транснационалниот крминал, органзираниот криминал, корупцијата, сето тоа бара заеднички пристап, рече министерот Спасовски.