Спасовски: 1,3 милијарди денари годинава за активните програми за вработувања млади

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување продолжува со рекорден буџет за 2020 година од 1,3 милијарда денари, најави носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски во Волково.

Во разговорите со жителите тој објасни дел од мерките во Програмата за новиот 4-годишен мандат со што дополнително се мотивираат младите да работат, учат, живеат во родната земја.

– Со новата развојна економија овозможуваме грантови до 15.000 евра за млади луѓе кои имаат желба и идеја да отворат своја фирма, со што поттикнуваме нови работни места и успешни фирми со коишто вие раководите. За дополнителна поддршка на младите луѓе, обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени млади до 29 години, во првите две години од работењето, парите одат директно на сметките на младите. Ја продолжуваме мерката 3.000 денари месечен младински додаток, за вработени во производството, за млади лица до 23 години, со завршено најмалку средно образование, рече Спасовски.