Спасено дете од автомобил од земјотресот во Хрватска, не се знае дали има мртви


Петриње во Хрватска, повторно е најмногу погодена од денешниот силен земјотрес, што во 12.20 часот се случи во близина на овој хрватски град.

Урнати се повеќе куќи, а луѓе сведочат дека ваделе дете од авотомобил врз кој паднала куќа.

– Успеавме да извлечеме едно дете, беше во автомобил, сè се урна, сопственикот е внатре, но не се јавува“, вели едно момче за Н1. „Тешко е, слушнав дека се урнала и градинката, немаше деца внатре, но не знаеме дали има мртви…“, додава друг.

„6,2 е магнитудата на овој земјотрес, тоа е многу силен потрес, меѓу Петриње и Сисак беше епицентарот. Овој потрес по ослободената енергија е триесетина пати појак од оној во Загреб. Загреб е во колапс“, вели сеизмологот Крешимир Кук за Н1.

Полицијата повикува сите да излезат надвор и да се оддалечат од градбите.

Делови од Загреб, но и во други градови има прекин на струјата, а не работат ни телефонските врски.

По силниот земјотрес следел уште еден помал.

Според регионалните медиуми, земјотресот се почувствувал и во БиХ, Словенија, Србија, Италија, Унгарија и Австрија.