„Спајс грлс“ на турнеја без Викторија Бекам


Ирска– Популарната британска женска поп-група од 90-тите „Спајс грлс“ тргна на камбек турнеја, но првиот концерт помина многу полошо од очекувањата.

Членките на „Спајс грлс“ (без Викторија Бекам, односно Пош Спајс) го одржаа првиот концерт од турнејата во Кроук Парк во Даблин, Ирска .

Но, фанови на групата масовно си заминуваа од концертот за кој платија стотици фунти и подоцна се пожалија на Twitter дека звукот на концертот бил ужасен и дека не можеле да слушнат речиси ништо од вокалите.

„Концертот во Даблин беше жив срам. Звукот беше ужас. Еден куп луѓе си заминаа и ова беше фрлање пари во ветер“, напиша еден незадоволен фан.