Спа-уживање со пет ѕвездички: Лимак Хотел Скопје има уникатна турска бања и масерки од Бали


Звучи скапо, ама разгалувањето на душата и на телото нема цена

Мини тропска џунгла ве дочекува на влезот во Спа центарот од новиот Лимак Хотел Скопје со пет ѕведички, тивка ориентална музика, турско кафе или чај и насмеани масерки од Бали со мирис на цимет и ванила-и знаете дека ќе бидете во рајот еден час. Луксузот и комфорот ве следат во секоја од собите со пригушено светло и меки пешкири во спа центарот од брендот „Шива“, специјално создаден и присутен во сите хотели на групацијата Лимак Туризам. Во пријатниот  амбиент може да добиете различни третмани за лице и тело, или да уживате во сауните и во пространата турска бања со автентичен изглед која е уникатна карактеристика на овој спа центар. Во неа се вградени бел мермер Кемал паша, карактеристичен за турските бањи и екватор мермер, увезен специјално од Мармарис.

Ако се прашувате имате ли разлика меѓу масажа со масерки од Тајланд или од Бали –ќе ја почувствувате разликата во корист на стручно обучените масерки од Бали чија љубезност и грижа за гостите ве следи од почетокот до крајот на спа-третманите. Звучи скапо, ама разгалувањето на душата и на телото нема цена. Спојот на Далечниот исток и турското гостопримство, зачинето со локалниот персонал е вистинска гаранција за уживање во срцето на Скопје.

Ресторан со поглед на Водно, модерен скај бар и споменатиот спа центар со голема турска бања се само дел од содржините на новиот „Лимак Хотел Скопје“, кој и покрај пандемијата од неодамна ги отвори вратите за своите гости. „Лимак Хотелот Скопје“ со својот луксузен и уникатен внатрешен ентериер уште при самиот влез најавува вистински хотелски комфор и содржини од најразличен тип за своите гости.

Целиот хотел е во знакот на зеленилото и растенијата, грижливо поставени така што дополнително го збогатуваат комодитетот и ексклузивноста на просторот. Фасадата на хотелот е изработена исклучиво од природни материјали, без користење на композити и пластика, а целиот објект има А+ ниво на енергетска ефикасност.

Хотелот има капацитет од 285 легла во вкупно 142 соби, од кои 21 апартмани, вклучително и претседателски од 163 квадратни метри. Четири од апартманите се специјално дизајнирани и изработени за непречен престој на лица со посебни потреби.

Комфорот веќе го испроба и филмската екипа од „Кајмак“, новиот седми филм на најтрофејниот наш режисер Милчо Манчевски, чии прв сцени се снимаа тука во хотелот. Лимак е вклучен во нашата културна сцена и како еден од главните спонзори на 61.Охридско лето.

„Лимак Скопје Хотел“ е дел од „Diamond of Skopje“. Покрај хотелот во рамките на комплексот ќе има и четири повеќекатници со 772 станови и луксузни апартмани за живеење, а предвиден е и голем трговски центар. Според најавите целиот комплекс треба да биде готов до крајот на следната година.

Лимак е интернационална компанија, во која работат 60.000 вработени во градежништво, енергетика, туризам, инфраструктура и други  дејности. Има реализирано над 100 проекти, чија вредност надминува 10 милијарди долари, а меѓу нив се и светски познати мега пр оекти, како новиот аеродром во Истанбул, мостот Чанак кале 1915 и новиот терминал на меѓународниот аеродром во Кувајт чија вредност е 4,3 милијарди долари и претставува најголемиот договор што е доделен на странска градежна компанија. Лимак има активни проекти во повеќе земји во светот, како Русија, Украина, Косово, Албанија, Пакистан, Саудиска Арабија, Кувајт, Мозамбик и Брегот на слонова коска.

(ПР текст)