СП2026: Португалија убедлива против Узбекистан, Роналдо испиша историја
Хјустон – Во воведниот натпревар од 2 коло во групата К на Светското првенство, Португалија извојува синоќа во Хјустон убедлива победа над Узбекистан со 5-0, а двојниот стрелец Кристијано Роналдо (41), стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал гол на шест различни мундијалски турнири.
Португалија дојде во водство веќе во 6. минута преку Роналдо, кој до крајот на полувремето го постигна и својот втор гол на натпреварот во 39. минута откако претходно Мендеш беше прецизен од слободен удар во 17. минута.
По еден час игра Португалија имаше водство од 4-0, кога Нематов ја затресе сопствената мрежа, а конечниот резултат го постави Леао во 87. минута.
Роналдо синоќа додее до бројката од десет голови на светските првенства од кои првиот гол го постигна на 17 јуни 2006 година против Иран.
Португалија води на табелата во групата К со четири бодови пред дуелот од последното коло против Колумбија, која претходно утре рано наутро ќе се соочи со третопласираната Гана.