СП2022: Решавачки дуел за Хрватска против Јапонија за пласман во четвртфиналето


ОАЕ- Денеска продолжуваат натпреварите на СП во Катар со уште две средби од осминафиналето. Се среќаваат Јапонија – Хрватска и Бразил – Ј. Кореја. Значи „коцкестите“ и Бразилците ќе ги одмерат силите против азиските “Тигри“.

Секако дека нема лесно да им биде, посебно на Хрватите, кои иако се најдоа во осминафиналето сепак не воодушевија досега со својот настап. Ќе треба Модриќ и компанија да одиграат многу подобро ако сакаат да го повторат успехот од минатиот Мундијал кога беа втори.

„Самураите“ славеа и против Германија и против Шпанија досега во Катар.

Бразил освен на првиот меч со Србија исто така не покажа којзнае што, посебно не во однос на Франција која блеска и засега е прв фаворит за титулата. И Бразил ќе мора да даде се од себе за да ја мине пречката наречена – Ј. Кореја.

 

ОСМИНАФИНАЛЕ – ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

 

ЈАПОНИЈА – ХРВАТСКА (16:00 )

БРАЗИЛ – Ј. КОРЕЈА (20:00 )