С&П го намали кредитниот рејтинг на Русија на „ѓубре“


Руската инвазија на Украина го намали кредитниот рејтинг на Русија, при што С&П го сведе рејтингот на Русија на „ѓубре“, Мудис го стави под лупа за веројатен пад во таа категорија, додека С&П и Фич го намалија кредитниот рејтинг на Украина.

С&П го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Русија на „ББ+“, од „БББ-“ и предупреди дека рејтингот може да продолжи да паѓа, откако ги анализираше макроекономските последици од санкциите.

„Според нас, санкциите објавени досега може да имаат значителни негативни ефекти врз способноста на рускиот банкарски сектор да дејствува како финансиски посредник во меѓународната трговија“, велат тие во С&П.