СП 2026: Последни два осминафинални натпревари


Атланта/Ванкувер – На Светското првенство денеска се играат последните два осминафинални натпревара. Во Атланта светскиот првак Аргентина за ривал го има Египет, додека во Ванкувер Швајцарија игра против Колумбија.

Според развојот на настаните Аргентина предводен од Лионел Меси важи за фаворит во дуелот со Египет и се освен победа на „гаучосите“ ќе биде изненадување. Но, не треба да се заборави дека на спротивната страна е репрезентацијата на Египет, една од најуспешните предводена од Мохамед Салах, кој пак има желба на Мундијалот да покаже дека сè уште може да игра големи натпревари. Почетокот на натпреварот е во 18 часот.

Во сенка на овој дуел е натпреварот меѓу Швајцарија и Колумбија. Двете репрезентации заслужено стигнаа до оваа фаза беа подобри од своите ривали и секако пласманот во четвртфиналето за едниот тим ќе биде награда за постојаноста на Мундијалот. Почетокот на натпреварот е во 22 часот.

Победниците од овие два натпревара ќе играат во четвртфиналето на 12.јули во 03 часот по полноќ во Канзас Сити.

Другите четвртфинални двојки се: Франција – Мароко, Шпанија – Белгија и Англија – Норвешка.