СП 2022: Хрватска и Мароко одиграа без победник


ОАЕ – Репрезентациите на Хрватска и на Мароко одиграа нерешено 0:0 на првиот натпревар од Ф-групата на Светското фудбалско првенство во Катар.

Двете селекции прикажаа борбен фудбал со по седум удари кон противничкиот гол, од кои по два во рамките на голот. Сепак мрежите мируваа, а конечниот резултат се чини реален исход според прикажаното. Хрватите двојно повеќе ја имаа топката во посед, но не успеаја да го освојат целиот плен.

Првото коло од оваа група ќе се комплетира вечер со одигрување на натпреварот Белгија – Канада (почеток 20 часот).

Во меѓувреме на Мундијалот во Катар на програмата се две средби:
Германија – Јапонија (14 часот)
Шпанија – Костарика (17 часот).