СП 2022: Бејл му донесе бод на Велс против САД


САД и Велс ремизираа во вториот натпревар во рамки на групата Б на Светското фудбалско првенство, одигрувајќи вечерва 1-1 (0-1) на стадионот „Ахмад бин Али“ во Ал Рајан.

Американците дојдоа во водство со голот на Тимоти Веа во 36. минута на асистенција на Кристијан Пулишиќ, а Велс израмни преку капитенот Герет Бејл во 82. минута од пенал.

Претходно денеска во истата група Англија го совлада Иран со 5-2.

Второто коло во рамки на групата Б е на програмата в петок, кога Велс ќе игра против Иран (11 часот), додека дуелот меѓу Англија и САД е во вечерниот термин од 20 часот.